Дома Фудбал Нови преговори помеѓу Реал и Винисиус – има еден проблем!

Нови преговори помеѓу Реал и Винисиус – има еден проблем!

Претставници на Реал Мадрид и Винисиус Жуниор продолжуваат разговори со управата на клубот околу новиот договор, објавија шпанските медиуми.

Според извори на АС, разликата во финансиските услови изнесува 15 проценти, а изгледа дека Реал не е подготвен да направи компромис, иако сите сакаат Винисиус да остане дел од тимот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во понеделник наутро, Винисиус заедно со своите претставници пристигна во тренинг центарот на клубот, при што менаџерот Тата Суареш и агентот Франциско Пена поминаа два часа во канцелариите на челниците на Реал, пренесува El Chiringuito.

Marca информира дека тие одржале состанок со генерален менаџер на Реал, Хосе Анхел Санчес, кој е чест преговарач за клубот. Според листот, понудата на Реал останува непроменета и сè уште важи.

Винисиус не е задоволен од почетокот на соработката со тренерот Чаби Алонсо, откако три натпревари започна од клупата, но е свесен дека мора да ги подобри своите настапи.

Неговиот договор трае до 2027 година, па клубот сака што побрзо да ги заврши преговорите.

Шпанските медиуми информираа дека договорот за новиот ангажман беше постигнат на почетокот на пролетта, откако за бразилскиот фудбалер се заинтересираа клубови од Саудиска Арабија.

Меѓутоа, во јуни медиумите објавија дека фудбалерот побарал подобрени услови за да се изедначи со Килијан Мбапе како најплатен играч на клубот. Тогаш беше објавено дека преговорите се одложени до крајот на оваа сезона, кога на Винисиус ќе му остане уште една година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го потсети што велеше минатата година: Бетис го исмејуваше Винисиус по изборот за „Златната топка“

Осман Дембеле (28), крилниот напаѓач на ПСЖ и Франција, ја освои Златната топка што ја дод…