
Натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид го обележаа непријатните сцени во второто полувреме. Десетминутниот прекин го фрли мечот во втор план. Сега во јавноста испливаа детали кои дополнително ги поттикнуваат тензиите.
Дуелот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид во плеј-офот на Лигата на шампионите го обележаа сцени кои го засенија самиот фудбал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
По водечкиот гол на гостите во второто полувреме, кој го постигна Винисиус Жуниор, натпреварот беше прекинат речиси десет минути.
Бразилецот тогаш се пожали на расистичка навреда. Наводно, навредлив израз кажал фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани.
Само неколку моменти пред инцидентот, напаѓачот на Реал Мадрид му се обрати на Аргентинецот.
„Молчи, глупаво ѓубре!”, наводно викнал кон противничкиот играч.
Ден по натпреварот, инцидентот од Лисабон се најде на насловните страници низ Европа.
Стручњакот за читање на усни Густаво Мачадо објави видео анализа на социјалната мрежа X.
Во снимката покажува што напаѓачот на мадридскиот тим наводно кажал веднаш по голот.
“Говори, ку*во”, рече Винициус неколку моменти по голот.
Потоа се пожали кај судијата за жолтиот картон.
“Зошто? Зошто ми даде картон? Се шегуваш? Зошто јас? Зошто?”
Веднаш потоа повторно му се обрати на Престијани.
“Молчи, идиоте! Молчи, проклето кукавице”, извика играчот на Реал Мадрид.