Дома Фудбал Останато Нови детали: Не е срцев удар – обдукцијата откри како починал Феликс Баумгартнер

Нови детали: Не е срцев удар – обдукцијата откри како починал Феликс Баумгартнер

Феликс Баумгартнер, славниот австриски екстремен спортист кој стекна светска слава благодарение на спектакуларниот скок од работ на вселената, трагично починал пред една недела во Италија.

Се сомневаше дека славниот спортист доживеал срцев удар за време на летот, меѓутоа обдукцијата покажа дека причините за смртта на Феликс Баумгартнер се скршеница на вратот и фатални повреди на ‘рбетниот мозок.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сега Јавното обвинителство во Италија се обидува да ги реконструира последните минути од летот. Во моментов сè укажува на тоа дека камерата, која се наоѓала на леталото, може да биде причината за смртоносниот пад.

Наводно, камерата не била адекватно поставена на параглајдерот. Истражителите се сомневаат дека се откачила за време на летот и удрила во центарот на пропелерот и предизвикала дефект, поради што Баумгартнер ја загубил контролата над леталото и паднал на земјата од голема висина.

Леталото било во сопственост на локалниот аеродром и сега се истражува кој бил задолжен за поставување на камерата. Вештаците, назначени од обвинителството, ја анализираат техничката состојба на опремата. Тие ќе се обидат да ги повратат видео снимките од мемориската картичка за да ги откријат причините за несреќата.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Почина Хулх Хоган

На 71-годишна возраст почина легендата на борењето Хулк Хоган, објавија медиумите преку Ок…