
Денес започнува новата сезона на Лигата на шампионите, а ќе заврши на 30 мај 2026 година со финалето во Пушкаш Арена во Будимпешта. Првото коло ќе се игра во текот на три дена, од вторник до четврток, со шест натпревари секој ден. Оваа сезона е втора во која Лигата на шампионите се игра во лига формат, наместо по групи.
Во лигата учествуваат 36 клубови кои ќе играат со осум противника, по четири натпревари дома и на гости. Осумте најдобри екипи директно се квалификуваат во осмина финале. Екипите од 9-то до 24-то место се натпреваруваат во плеј-оф со два натпревари, за да се добијат уште осум учесници во осмина финале, што вкупно прави 16 екипи кои продолжуваат во нокаут фазата.
Огромно богатство
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Новата Лига на шампионите располага со буџет од неверојатни 2.5 милијарди евра. На почетокот, секој учесник добива 18.6 милиони евра, што заедно изнесува 670 милиони евра или 27.5 проценти од вкупниот буџет. Дополнителни 35 проценти или 835 милиони евра се распределуваат според маркетинг критериумите и историјата на клубовите. Распределбата на средствата според освоени бодови изнесува 914 милиони евра или 37.5 проценти.
Секој освоен бод носи на клубот 700 илјади евра, а секоја победа 2.1 милиони евра. Секој пласман во следната фаза доделува уште милион евра, осмина финале дополнителни 11 милиони, четвртфинале 12.5, полуфинале 15 и финале 18.5 милиони евра. Победникот добива уште 6.5 милиони евра, а со триумфот му е обезбеден дополнителен 4.5 милиони евра за учество во европскиот Суперкуп.