
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја задржа третата позиција на денес објавената АТП листа.
Ѓоковиќ е трет тенисер во светот со 5.280 бода.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Прв е и понатаму Шпанецот Карлос Алкараз со 13.150 бода, пред второпласираниот Јаник Синер од Италија со 10.300 бода.
Што се однесува до промените кај играчите во првите 10 позиции на АТП листата, Австралиецот Алекс де Минор се искачи од осмо на шесто место, додека позициите за по едно место ги изгубија Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим и Американецот Тејлор Фриц. Оже-Алијасим падна од шесто на седмо место, а Фриц од седмо на осмо место.