Дома Останати Кошарка Нова шокантна снимка од поранешната НБА ѕвезда: Играше со Леброн, а сега моли за 20 долари (Видео)

Нова шокантна снимка од поранешната НБА ѕвезда: Играше со Леброн, а сега моли за 20 долари (Видео)

Делонте Вест, познат по својата НБА кариера во тимовите како Бостон, Кливленд и Далас, повторно е во фокусот на јавноста! На социјалните мрежи се појави потресно видео, на кое Вест е забележан без маица, во дезориентирана состојба покрај автомобил, како добива 20 долари од случаен минувач

Објавата предизвика бура од реакции меѓу навивачите, поранешните соиграчи и спортската јавност. Наместо критики, повеќето коментари изразуваат загриженост и повик за помош.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Вест и порано бил среќаваан во слични состојби, а последниот сериозен настан бил забележан во јуни 2024 година, кога по извештаите од американските медиуми, бил најден како лута на паркинг во Вирџинија. Полицијата му пружила медицинска помош и му дала Narcan, лек кој се користи при сомнение за предозирање со опијати.

Поранешниот талентиран кошаркар, избран од Бостон на драфтот во 2004 година како 24. избор од колеџот Свети Џозеф, промени неколку тимови Вклучително и Сиетл, Кливленд, Бостон два пати, Далас, како и клубови во Кина, како што се Фуџијан и Шангај. На теренот бележеше во просек 9,7 поени, 3,6 асистенции и 2,9 скокови по натпревар. Со кариерата заработи околу 16 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Деби од соништата на Димитријевиќ: Нено со 23 поени му обезбеди финале на Зенит (Видео)

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ повторно блесна во дресот на Зенит Санкт Петербур…