
Италијанските медиуми на насловните страни ја носат веста која прв ја објави „Кориере дела Сера“, дека 12 актуелни и поранешни фудбалери од Серија А се под истрага поради нелегално обложување. Истражувањето го покрена Јавното обвинителство во Милано врз основа на податоци од мобилните телефони на Сандро Тонали (во времето на делото за кое е под истрага, играч на Милан, а сега играч на Њукасл) и Николо Фаџоли (во времето на делото за кое е под истрага, играч на Јувентус, а сега играч на Фиорентина), запленети во октомври 2023 година.
Споменатите фудбалери веќе биле суспендирани поради слични прекршоци, но сега се појавуваат нови актери и нови детали. „Газета дело Спорт“ истакнува дека никој од фудбалерите под истрага не е осомничен за наместување натпревари или обложување на натпревари кои ги играл. Тие во периодот од декември 2021 до октомври 2023 година се обложувале на други спортови и играле онлајн покер, но на нелегални платформи.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
“Во истрагата се запленети 1,5 милиони евра и испитани се 12 играчи од Серија А затоа што уплаќале пари на двајца водители на нелегални обложувачки платформи – Томазо Де Џакомо и Патрик Фицери. Сѐ одело преку тројца вработени од една златарница во Милано, која служела како банка за прикривање”, пишуваат Италијанците и објаснуваат како функционирало обложувањето преку неа: “Фудбалерите купувале луксузни часовници преку банкарски трансфери, додека всушност од златарницата не земале ништо, а парите останувале кај обложувачите.”
Сега сите во тој синџир се под истрага за нелегално обложување и играње покер на платформите etsport22.com, Swapbet365.eu, Vipsport360.com, Texinho.com, кои ги водел Пиетро Маринони, судија во Серија Д и пријател на сестрата на Тонали. “Освен тоа, Тонали и Фаџоли се под истрага затоа што меѓу фудбалерите ги рекламирале овие платформи. Во замена добивале бонуси или им се намалувал долгот што го имале кон обложувачите”, објаснуваат Италијанците и истакнуваат дека истрагата може да има дополнителни последици.
Италијанската фудбалска федерација може да покрене свој дисциплински постапок
“Во кривичниот смисол обложувањето на фудбалерите на ваков начин не е тежок кривичен чин. За него е предвидена парична казна од 500 евра, но веќе со плаќање на половина од тој износ може да се избегне судење. Но, што се однесува на спортското право, ситуацијата може да биде посериозна.
Затоа што Фудбалскиот сојуз на Италија може да побара судска документација и да покрене свои дисциплински постапки. Сепак, фудбалерите не се обложувале на фудбалски натпревари, па веројатно нема да бидат суспендирани. Истражувачите тврдат дека Тонали поотворено соработувал за време на сослушувањето од Фаџоли, кој негирал дека ги поттикнувал другите да се обложуваат или дека добивал бонуси. Сепак, податоците од телефоните ги оспоруваат тие тврдења.”
Освен Тонали и Фаџоли, под истрага се:
Алесандро Флоренци, играч на Милан
Матија Перин, играч на Јувентус
Вестон Мекени, играч на Јувентус
Николо Заниоло, во времето на делото за кое е под истрага, играч на Рома, а сега играч на Фиорентина
Леандро Паредес, во времето на делото за кое е под истрага, играч на Јувентус, а сега играч на Рома
Анхел Ди Марија, во времето на делото за кое е под истрага, играч на Јувентус, а сега играч на Бенфика
Рол Беланова, во времето на делото за кое е под истрага, играч на Интер и Торино, а сега играч на Аталанта
Самуеле Ричи, во времето на делото за кое е под истрага, играч на Емполи, а сега играч на Торино
Матео Канцилјери, во времето на делото за кое е под истрага, играч на Лацио и Емполи, а сега играч на Парма
Кристијан Буонајуто, во времето на делото за кое е под истрага, играч на Кремонезе, а сега играч на Падова
Фото: Juventus.com