Дома Фудбал Нов проблем за Манчестер Сити

Нов проблем за Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Џосеп Гвардиола, ќе има нови главоболки околу составот.

Според ексклузивната информација на Фабрицио Романо, новото засилување на “граѓаните”, Рајан Аит-Нури, ќе отсуствува подолго време од терените – скоро 5 седмици.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Веќе од вчера беше познато дека 24-годишниот алжирски репрезентативец нема да биде присутен за дербито на Манчестер, бидејќи Гвардиола го објави тоа, но точната должина на повредата беше нејасна досега.

Аит-Нури пристигна во Манчестер Сити летово со трансфер од Вулверхемптон. Тој започна како стартер во сите три натпревари на “граѓаните” досега.

Доколку фудбалерот навистина отсуствува повеќе од месец, тој ќе ги пропушти дербито со Арсенал во Премиер лигата и уште неколку натпревари во првенството, како и првите два натпревари во Лигата на шампионите со Наполи и Монако.

Освен него, повредени во составот на Сити се и Омар Мармуш и Рајан Шерки, а Џон Стоунс е под знак прашање за дербито на Манчестер. Исто така, надвор од тимот се и Матео Ковачиќ и Калвин Филипс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Панчев: Македонија напредува и би било феноменално да игра на СП, дај Боже да се случи тоа!

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервју за српскиот весник „Дневни спортск…