Дома Фудбал НОВ ПРЕСВРТ: Влаховиќ понуден на великанот од Премиер лигата

НОВ ПРЕСВРТ: Влаховиќ понуден на великанот од Премиер лигата

Веќе неколку месеци се шпекулира за заминувањето на Душан Влаховиќ, а сега оваа трансфер приказна доживеа нов пресврт.

Познатиот фудбалски аналитичар Фабрицио Романо соопшти дека српскиот голгетер бил понуден на Манчестер јунајтед.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Италијанецот објави дека од “црвените ѓаволи” викендов добиле можност да го доведат напаѓачот на Јувентус во своите редови.

За сега, одговорот од Манчестер е негативен. Јунајтед им испратил порака во Торино: “Се фокусираме на Шешко”.

Словенечкиот напаѓач Бенџамин Шешко од Лајпциг се уште е првата цел за тимот од Манчестер, но двете страни сè уште се далеку од договор.

Иако Јунајтед е подготвен да ја плати бараната отштета, проблем претставува Њукасл, кој исто така го посакува Шешко за своите редови. Најверојатно како заменик на Александар Исак, кој е пред заминување.

Со тоа, постои можност Рубен Аморим да остане без уште една “деветка”, откако претходно Виктор Ѓокерес се одлучи за Арсенал.

Ова може да го отвори патот кон Премиер лигата за Влаховиќ, кој е веќе отпишан во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…