Дома Бокс Нов предизвик за славниот боксер – Мани Пакјао се враќа во рингот на 46 години!

Нов предизвик за славниот боксер – Мани Пакјао се враќа во рингот на 46 години!

Мани Пакјао, славниот филипински боксер и единствениот светски шампион во осум различни тежински категории, се враќа од пензија! На своите 46 години, Пакјао ќе влезе повторно во рингот на 19-ти јули, кога во Лас Вегас ќе се бори за титулата на WBC во велтер категорија против актуелниот шампион – Марио Барос!

По извонредната кариера во која оствари 62 победи од вкупно 72 меча (39КО, 8 порази и двa нерешени исхода), филипинскиот боксер, кој се повлече од спортот во 2021 година, го најави своето спектакуларно враќање преку својот инстаграм профил. Мечот со мексиканскиот борец ќе му биде прв од поразот од Јорденис Угас за титулата на WBA.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Advertisement

“Се враќам во рингот на 19-ти јули против светскиот WBC велтер шампион Марио Барос во Лас Вегас. Да ја испишеме историјата,” напиша Пакјао, најавувајќи еден од најочекуваните мечеви на годината.

Да потсетиме, од професионалниот спорт Пакјао се откажа во 2021 година по поразот во Невада. Но, харизматичниот Филипинец остана активен во јавноста – најпрво како сенатор на Филипините од 2016 до 2022 година, а потоа и како претседателски кандидат. Се долго време се шпекулираше за неговото можеби враќање на рингот. Тие гласини сега добија потврда од самиот боксер, кој се враќа на местото каде започна неговата голема кариера”.

Фото: YouTube/Screenshot
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Џејк Пол има големо срце – ќе донира пари на пензиониран борец за трансплантација на бели дробови

Џејк Пол ја запиша својата 12. победа во 13. професионална боксерска борба. Јутјуберот кој…