Денеска, по официјалната објава за потпишувањето на договор со украинскиот ракометар Хориха, РК Вардар ја потврди и одлуката за продолжување на соработката со својот голман, Португалецот Мигел Еспиња Фереира.
Еспиња, искусен 30-годишен чувар на мрежата, ја потврди својата верност кон „црвено-црните“ со нов договор кој ќе го задржи во клубот уште најмалку две сезони. Иако неговиот актуелен договор требаше да истече на крајот од оваа сезона, раководството на Вардар ја активираше клаузулата за продолжување на соработката, осигурувајќи негово останување во тимот.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Со своето искуство и професионализам, Еспиња докажа дека е еден од најдобрите голмани, а со продолжувањето на договорот тој ќе остане клучен столб на нашиот тим. Вардар ќе продолжи со стратегијата за обезбедување играчи кои ќе го подигнат квалитетот на играта и ќе придонесат за остварување на нашите клупски цели,“ се вели во официјалното соопштение на клубот.