Дома Фудбал Нов напад кон Реал – се потсетија како Карвахал доби само жолт картон за скршена нога

Нов напад кон Реал – се потсетија како Карвахал доби само жолт картон за скршена нога

Aтлетик Билбао остро реагираше на изразеното незадоволство од Реал Мадрид против одлуките на судиите во шпанскиот фудбал.

Пред неколку дена мадридскиот клуб испрати протестно писмо до федерацијата, а повод беа одлуките во изминатиот натпревар против Еспањол (0:1). Шампионите се жалеа на главниот судија и неговите колеги од ВАР, затоа што не покажале црвен картон на Карлос Ромеро за опасен старт кон нозете на Килиан Мбапе. Подоцна во мечот, споменатиот Ромеро го постигна победничкиот гол за домаќините.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Сега, пак, претседателот на Атлетик Билбао, Јон Уријарте, потсети на според него скандалозен случај од натпревар против Реал на „Бернабеу“. Станува збор за последното коло од Ла Лига за сезоната 2022/23. Тогаш одбранбениот играч на „кралевите“, Даниел Карвахал, толку грубо го шутираше Јури Берчиче што му ја скрши ногата. Сепак, виновникот доби само жолт картон.

„Тогаш се боревме за пласман во Европа, но поради овај фаул и принудното излегување на повредениот играч, го одигравме остатокот од натпреварот со 10 играчи, бидејќи немавме повеќе измени. Натпреварот заврши 1:1, поради што не успеавме да се пласираме во европските натпреварувања. Но Карвахал доби само жолт картон. Таквите епизоди не’ навредуваат,“ изјави Уријарте на прес-конференција во Билбао.

Тој уште додаде дека кога со колегите од клубовите на Ла Лига се среќаваат, сите споделуваат дека се оштетени од судиите, а не само одредени тимови што се погодени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феликс го „запали“ Сан Сиро на дебито🎥

Милан вечерва игра протов Рома во четвртфиналето од Купот, а на „Сан Сиро“ дебитираа новит…