
Младиот стопер на Хајдук, Бранимир Млачиќ, би можел многу скоро да зачекори на големата европска сцена – италијанскиот великан Интер испрати официјална понуда, тврди фудбалскиот инсајдер Николо Шира.
– Интер е сериозен: договорот е подготвен до 2030 година и сè е на маса за Млачиќ да стане дел од проектот на Милано, известува Шира.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Млачиќ, кој сезонава заблеска во одбраната на Хајдук, продолжува да привлекува внимание на европските великани. Иако сè уште нема одиграно целосна сениорска сезона, 18 настапи и две асистенции се доволни италијанскиот клуб да го види како клучна фигура за иднината на својата одбранбена линија.
Борусија Дортмунд, Ливерпул, Марсеј и Барселона досега беа во игра, но се чини дека Интер сега ја презеде предноста. Сè укажува на тоа дека младиот стопер би можел да остане во Хајдук на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да премине во Интер.
Спекулациите добиваат на интензитет: трансферот на Млачиќ во Интер повеќе не изгледа како далечна опција, се чини дека е само прашање на денови кога хрватскиот талент ќе потпише за италијанскиот гигант.