Дома Фудбал Ноер донесе голема одлука и ја потврди по последниот натпревар на Баерн

Ноер донесе голема одлука и ја потврди по последниот натпревар на Баерн

Сега е официјално! Мануел Нојер (39) нема да се врати во репрезентацијата на Германија и нема да биде дел од Светското првенство што летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Месеците поминати во шпекулации и барања за негово враќање во националниот тим, особено по повредата на Марк-Андре тер Штеген, кој беше планиран за прв избор на голот, конечно добија крај. Но, искусниот голман на Баерн стави крај на тие дилеми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По победата на Баерн над РБ Лајпциг (2:0) во четвртфиналето на германскиот куп, новинарите го прашаа Ноер за изјавата на претседателот на клубот, Херберт Хајнер, кој јавно го поддржа неговото враќање во репрезентацијата.

“Тоа се убави зборови, но тој добро ја знае мојата одлука”, изјави Ноер со насмевка, а на дополнителното прашање дали тоа е конечната одлука, Ноер кратко одговори: “Да”, според Bild.

Ноер го заврши своето поглавје во репрезентацијата на 21 август 2024 година, по завршувањето на Европското првенство. Во дресот на Германија одигра 124 натпревари, оставајќи силен печат како еден од најдобрите голмани на неговата генерација.

Кон крајот на минатата година потенцираше дека неговото целосно внимание е насочено кон клупските обврски: “Свесно се повлеков. Мојот фокус е јасно на Баерн.”

Оттука, сосема јасно е дека Германија ќе влезе во Светското првенство со нов прв голман, а најверојатен кандидат е 35-годишниот Оливер Бауман, кој моментално брани за Хофенхајм.

Ноер јавно му изрази поддршка: “Тој сега е број 1 и ја врши својата работа многу добро. Му држам палци.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар потпиша договори со тројца големи таленти!

Лидерот во Првата фудбалска лига, Вардар, по убедливата победа од 5-1 над Арсими со која г…