
Тајлер и Џек Флечер се браќа близнаци за кои допрва ќе слушаме во светот на фудбалот, а интересно е тоа што синовите на легендата на Манчестер Јунајтед играат за две различни репрезентации.
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер, кој скоро 14 години играше за клубот од Олд Трафорд, во 2007 година доби синови, Џек и Тајлер, близначиња кои блескаат во младинските категории.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Двајцата фудбалери пораснаа и сега чукаат на вратата на сениорскиот фудбал. Играат за младинскиот тим на Манчестер Јунајтед и е само прашање на време кога ќе заиграат и за сениорскиот тим на Олд Трафорд.
Но, што е интересно во оваа приказна, дека двајцата фудбалери играат за различни репрезентации и се капитени на нивните репрезентации.
Дарен Флечер е Шкотланѓанец и играше за репрезентацијата на својата земја, но неговите синови имаат различни ставови.
Тајлер Флечер одлучи да игра за Шкотска, додека Џек Флечер ја промени својата одлука и дресот на Шкотска го замени со тој на Англија.
Sons of Man Utd legend Darren Fletcher, Jack and Tyler are smashing it right now. 👏
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) March 27, 2025
The twins both captained their respective national teams of their age group in this international break ❤️ pic.twitter.com/c9mo7E6Zrc