Дома Фудбал Ниту статусот на легенда не го спаси: Шпанскиот великан го отпушти тренерот

Ниту статусот на легенда не го спаси: Шпанскиот великан го отпушти тренерот

Легендарниот поранешен фудбалер на Валенсија, Рубен Бараха, а од февруари минатата година и стратег на клубот од Местаља повеќе не е тренер на тој шпански прволигаш.

Ова го решија челниците на клубот по уште една лоша сезона и моменталното место на клубот на табелата во Ла лига. Валенсија одигра 2-2 на домашен терен против Алавес во неделата, спасувајќи се од пораз во судиското надополнување. Валенсија оваа сезона има само две победи во 17 настапи во шампионатот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Има исто бодови како и последниот Ваљадолид, додека Еспањол на 18. место му бега на тој двоец за три бода.

Бараха во својата играчка кариера го носеше дресот на Валенсија од 2000 до 2010 година, а за шпанската репрезентација забележа 43 настапи и постигна седум гола. Пред Валенсија, 49-годишниот тренер ги тренираше шпанските клубови Елче, Рајо Ваљекано, Спортинг Хихон, Тенерифе и Сарагоса.

„За лошите резултати оваа сезона беше потребна одлука која беше тешко да се донесе. Сепак, целта на оваа одлука е да се сврти ситуацијата и да се постигнат подобри резултати“, соопштија официјално од Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…