Дома Фудбал Ниту „ш“ од шампионскиот Ливерпул, Нотингем ги прегази на „Енфилд“! (Видео)

Ниту „ш“ од шампионскиот Ливерпул, Нотингем ги прегази на „Енфилд“! (Видео)

Во рамките на 12. коло од англиската Премиер лига, денеска во терминот од 16 часот се одиграа уште пет натпревари. Најголемото изненадување беше тежокиот пораз на Ливерпул на нивниот Енфилд од страна на Nottingham Forest, каде резултатот на крајот беше 3:0.

Екипата на Арне Слот продолжи со лошиот серијал во домашното првенство, а цел плен од Енфилд денеска го собра Нотингем Форесст. Ова беше шести загубен натпревар за „Црвените“, со што сега е извесно дека се простуваат од трката за титулата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Головите за Нотингемги постигнаа Мурило во 33., Савона во 46., и Гибс-Вајт во 78. минута за голем триумф.

Бормут одигра нерешено на домашен терен против Вест Хем. „Чеканите“ имаа големо водство по првото полувреме со резултат 2:0, а двоен стрелец беше Вилсон.

Во второто полувреме домаќините преку Таверние и Унал изедначија и освоија вреден бод.

Брајтон со пресврт победи против Брентфорд со резултат од 2:1. Гостите поведоа први преку Тиаго во 29. минута, но во второто полувреме Брајтон преку головите на Велбек и Хиншелвуд стигна до значајна победа.

Кристал Палас славеше против Вулверхемптон со резултат 2:0, додека Фулам минимално го совлада Сандерленд со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирално видео од навивач на Бодо Глимт: Погледнете што правеше на натпреварот (Видео)

Бодо/Глимт е најголемата сензација во Лигата на шампионите. Норвешкиот тим ја заврши групн…