Дома Фудбал Ништо од враќање во Серија А: СМС потпиша нов договор!

Ништо од враќање во Серија А: СМС потпиша нов договор!

Српскиот репрезентативец Сергј Миленковиќ-Савиќ потпиша нов договор со Ал Хилал до 2028 година.

СМС беше во центарот на вниманието претходните денови бидејќи неговиот досегашен договор истекуваше на крајот од сезоната, па веќе на зима можеше без проблеми да преговара со други тимови, а потоа на лето да го смени клубот без обештетување. Како фаворит за негово ангажирање фигурираше Јувентус, но Сергј нема да се враќа во Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, реши да остане, а според некои информации ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Миленковиќ-Савиќ пристигна во Ал Хилал летото 2023 година, а досега одигра 105 натпревари, со учинок од 31 гол и 27 асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски го чека уште еден гигант, тандем со Србин или негова замена?!

Роберт Левандовски е на мета на Јувентус. Газета дело спорт тврди дека скаутите на Јувенту…