Дома Фудбал Ништо од „спасот“ во јануари: Аморим донесе одлука околу судбината на ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Ништо од „спасот“ во јануари: Аморим донесе одлука околу судбината на ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Се зборува многу за тоа дали Рубен Аморим ќе одлучи да врати еден фудбалер во јануари во својот тим.

Станува збор за Џадон Санчо кој моментално е на позајмица во Астон Вила, а Манчестер Јунајтед има опција да го врати во јануари од позајмица.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат медиумите од Англија, тоа нема да се случи, но Манчестер Јунајтед има опција и да го продолжи неговиот договор за уште една година.

Санчо ова лето замина на позајмица од Манчестер Јунајтед во Астон Вила.

Тој беше дел од играчите кои Рубен Аморим одлучи да ги „отстрани“ од Манчестер Јунајтед, а како што стојат работите, нема да се врати во клубот.

Рашфорд претходно беше на позајмица во Астон Вила минатата сезона, а оваа сезона е исто така на позајмица, но во екипата на Барселона.

Сепак, Санчо не успева добро во Астон Вила оваа сезона бидејќи не започнал ниту еден натпревар од првата минута во Премиер лигата.

Наводно постоеше опција и Астон Вила да ја прекине неговата позајмица и да го врати назад во Манчестер Јунајтед, но никој не верува дека тоа ќе се случи.

Сепак, „Дејли Мејл“ тврди дека Санчо нема да се врати во Манчестер Јунајтед пред крајот на сезоната, бидејќи не постои опција позајмицата да биде прекината во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус жали поради срамниот потег на „Ел Класико“ за кој зборува целиот свет

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 2:1 во неделата во рамките на десеттот…