Дома Фудбал Ништо од Бенфика – Жоао Феликс најде нов клуб и ги изненади сите

Ништо од Бенфика – Жоао Феликс најде нов клуб и ги изненади сите

Жоао Феликс беше едно време еден од најголемите потенцијали во европскиот фудбал, но неговата кариера низ последните неколку години тргна по надолна линија.

Минатата сезона ја помина во Милано како позајмен играч на Челзи, сезона со која никако не може да се пофали.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ова лето многу се зборуваше за негово враќање во родниот Португалија и Бенфика каде што ја започнал кариерата, но изгледа ништо нема да биде од тоа.

Имено, во целата таа приказна се вмеша Ал Наср кој понуди повеќе пари и „ќе го украде“ 25-годишникот од Бенфика.

Преговорите се веќе во напредна фаза, конечното спогодување ќе биде постигнато во рок од наредните 24-48 часа, а Португалецот веќе кажа „да“ на саудискиот клуб.

Жоао Феликс така ќе стане уште еден млад играч во низата кој ќе оди во клуб од Блискиот Исток и кој може да заборави на играње сериозен фудбал.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну го напушта Олд Трафорд и се сели во Серија А!

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мејну, сака да игра за Англија на следното СП…