Дома Фудбал Николов: Шкендија е македонски тим, но јас ќе навивам за ФЦСБ

Николов: Шкендија е македонски тим, но јас ќе навивам за ФЦСБ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов беше присутен на синоќешниот тренинг на романскиот клуб ФЦСБ, кој се одржа на спортскиот комплекс на Фудбалската федерација на Македонија.

Николов, кој има длабоки врски со романскиот фудбал, е добро познато име во оваа земја. Својата интернационална кариера ја започна токму таму, каде што ги направи првите чекори во Академијата на легендарниот Георге Хаџи. Потоа помина три сезони во Виторул Констанца, а подоцна, во сезоната 2022/23, го носеше и дресот на ФЦСБ – клуб со богата историја и традиција.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Им посакувам успех на натпреварот со Шкендија, мислам дека ќе победат. Иако Шкендија е македонски клуб, јас навивам за мојот поранешен тим и вечерва ќе бидам на стадион за да навивам за него. Шкендија е добра, но ФЦСБ е ниво погоре и ако играат како минатата сезона, сигурно ќе поминат понатаму“, кажа Николов.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид потпиша со трансферна мета на Милан

Атлетико Мадрид не престанува да го обновува својот состав. Летната селекција на „јорганџи…