Дома Останати Кошарка Никола Јокиќ одигра натпревар каков што немал никој во историјата на НБА лигата

Никола Јокиќ одигра натпревар каков што немал никој во историјата на НБА лигата

НИКОЛА ЈОКИЌ во домашната победа на Денвер над Феникс со 149:141 по продолженија одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера и натпревар за историја на НБА лигата. Оваа изведба на Јокиќ е извонредна дури и за критериумите на троен, актуелен МВП на најсилната лига во светот.

За 44 минути на терен, Јокиќ постигна 31 поен (шут 13/22). Имаше 21 скок и 22 асистенции. Наведената бројка на додавања не е само личен рекорд на Јокиќ, туку и највисока што некогаш ја имал некој центар во историјата на НБА лигата. Јокиќ исто така се изедначи со Леброн Џејмс по бројот на трипл-дабл со 30 поени и стана играч кој во трипл-дабл со 30 поени има најмногу асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јокиќ стана првиот играч во историјата на најсилната лига кој одиграл со бројки 30/20/20 во најважните категории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ЛеБрон Џејмс е кралот на кошарката? Размислете повторно покрај Никола Јокиќ! (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште една брутална партија во дресот на Денвер Нагетс. Српскиот кошарк…