Дома Фудбал Никој во својот договор нема клаузула како Луис Дијас – ова е доказ како се работи во Баерн!

Никој во својот договор нема клаузула како Луис Дијас – ова е доказ како се работи во Баерн!

Во фудбалскиот свет сме сведоци на најразлични клаузули вметнати во договорите на играчите и клубовите, но она што го направи Баерн Минхен со Луис Диас дефинитивно ги помести границите.

Клубовите често се обидуваат да се заштитат во договорите, како и играчите кои преку специфични клаузули настојуваат да обезбедат подобри услови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во минатото сме сведочеле на вклучување на најразлични клаузули кои им одат во прилог на двете страни, но случајот од германската Бундеслига ги надминува сите досегашни примери.

Германските медиуми открија необична клаузула во договорот на Баерн и Колумбиецот Луис Диас, кој се приклучи на тимот минатото лето.

Баварците го донесоа Диас од Ливерпул за 70 милиони евра со намера да осигураат дека инвестицијата ќе биде успешна.

Уште еднаш, управата на Баерн ја демонстрираше својата сериозност преку клаузула од договорот на Диас, која “протече” во јавноста.

Во договорот, Колумбиецот има услов да научи германски јазик во најкраток можен рок, што, доколку не го исполни, Баерн може месечно да го санкционира според степенот на неговиот напредок.

Баерн инсистира Диас да го совлада германскиот јазик за да може успешно да комуницира со играчите, тренерите и навивачите.

Токму поради тоа, со оглед на нивната инвестиција од 70 милиони и неговата слаба англиска комуникација во Ливерпул, тие се одлучија за овој чекор.

Неговото напредување внимателно се следи секоја недела, а клубот има можност да го казни од 5 до 50 илјади евра месечно ако не се придржува кон очекуваниот напредок.

Диас неделно посетува два до три часа студии по германски јазик, каде што клубот на различни начини оценува дали напредува и одлучува дали ќе сноси финансиски последици.

Колумбиецот оваа сезона одлично се покажа како засилување, постигнувајќи 19 голови и 15 асистенции на 33 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналд Куман: Некогаш на „Камп Ноу“ противниците страдаа, а сега…

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, ги сподели своите гледишта за сегашната сос…