
Европскиот шампион Нико Вилијамс го објасни своето решение да остане во Атлетик Билбао, затоа што верува дека клубот сѐ уште го пишува својот пат.
Напаѓачот беше многу близу до Барселона, но изненадувачки потпиша нов договор со баските. Тој откри амбициозен план на тимот, кој вклучува освојување на Лигата на шампионите.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
“Пред нас се многу амбициозни цели, како што е Лигата на шампионите. Што може да биде подобро од тоа да ги оствариме со клубот на мојот живот? Сакам да ја продолжам историјата тука, на ‘Сан Мамес’, со навивачите и моето семејство”, изјави Нико Вилијамс.
Тој изрази и благодарност кон брат му Ињаки Вилијамс, кој целата своја кариера ја помина само во Атлетик.
“Двајцата секогаш сме сонувале за овој момент. Мојот брат е пример за сите, а особено за мене. Сметам дека е најдобар избор за капитен, и не можам да дочекам да го гледам со капитенската лента уште долго време”, рече радосно Нико.
Нико Вилијамс упати порака и до навивачите и клубот како целина: “Се надевам дека ќе им се отплатам за сѐ што ми дале. Се надевам дека ќе им донесам радост, како и секогаш. Ова е и за нив – секогаш сум ја чувствувал нивната огромна љубов, горд сум на навивачите што ги имам.”