Дома Фудбал Никој во Барселона не знае кога тимот ќе се врати на „Камп Ноу“

Никој во Барселона не знае кога тимот ќе се врати на „Камп Ноу“

Иако првично беше планирано враќањето на Барселона на реновираниот Камп Ноу до крајот на 2024 година, се чини дека каталонскиот гигант нема да се врати на својот стадион до мај и крајот на сезонава која е во тек.

Реновирањето на Камп Ноу започна во текот на летото 2023 година, а планот беше реконструкцијата вредна 1,5 милијарди евра, која е планирана во три фази, да биде готова за одигрување натпревари до крајот на 2024 година.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Од тоа нема ништо, а сега се наѕира дека клучниот месец е март. Во март сите во Барселона ќе знаат кога тимот ќе се врати на стадионот.

Сега од Барселона ги потврдија лошите вести за сите навивачи, а тоа е дека никој во клубот не знае кога ќе се врати клубот на својот стадион, кој многу му недостасува.

Според весникот АС, март е клучен месец бидејќи тогаш ќе се игра осминафиналето на Лигата на шампионите. Ако Барселона директно се квалификува, треба да игра на 4. или 12. март и се надева дека тоа ќе биде на реновираниот Камп Ноу.

Сепак, одборот не е многу оптимистичен, и од клубот признаваат дека најверојатно на Камп Ноу нема да се игра до крајот на сезоната. Иако работите се јасно видливи на фотографиите, според зборовите на клубот, дојде до серија инциденти што предизвикаа значителни доцнења од планираното.

Моментално се одржуваат неделни состаноци на одборот кој е задолжен за решавање на неочекуваните проблеми. Она што е важно за клубот, е дека спортскиот советник во градскиот совет на Барселона, Дејвид Ескуде, најави најголема можна помош за клубот за да се продолжи закупот на стадионот Монтжуик, на кој клубот моментално игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта го губи трпението: Двајцата капитени добиле ултиматум – потпис или трансфер листа!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, постави јасен ултиматум до двајцата капитени, Ро…