Дома Фудбал Никој во Реал Мадрид повеќе не молчи, Анчелоти „распали“ по ВАР-технологијата: Ова е многу опасно!

Никој во Реал Мадрид повеќе не молчи, Анчелоти „распали“ по ВАР-технологијата: Ова е многу опасно!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти повторно говореше за судиските одлуки во шпанското првенство на кои жестоко реагираа во кралскиот клуб. Италијанот сега тврди дека ВАР не треба да има голема улога во светот на фудбалот.

Карло Анчелоти повторно говореше за судиските грешки поради кои тој и целиот тим претходните денови беа на нозе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал избувна поради судиските одлуки на натпреварот со Осасуна кога беше исклучен Џуд Белингам, а потоа беше досуден и пенал за домашниот тим. Сега Анчелоти се залага за намалување на влијанието на ВАР технологијата во натпреварите.

„ВАР им одзеде на судиите многу одлуки. Сметам дека тоа е многу опасно. ВАР би требало да биде тука за клучните одлуки на теренот“, рече Анчелоти.

Тренерот на Реал Мадрид вели дека видео технологијата станала многу опасна за фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефовите на Милан ќе направат уште еден обид да го задржат Мењан

Раководството на Милан ќе одржи нова средба со претставниците на голманот на тимот Мајк Ме…