
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид има планови да ја засили својата одбранбена линија во текот на летниот преоден рок.
Неочекувано го добија Раул Асенсио како стандарден стопер за тековната сезона и тој изгледа многу добро покрај Тони Ридигер во отсуство на Давид Алаба и Едер Милитао, но тоа не значи дека Реал нема да биде активен на пазарот претстојното лето со намера да ја зацврсти последната линија.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„Марка“ информира дека во видното поле на Реал има неколку големи имиња како Ибрахим Конате, Вилијам Салиба и Кастело Лукеба. Сите се доволно млади, но сепак докажани и искусни за своите години. Им се потребни играчи од таква категорија, со несомнителен квалитет.
Меѓутоа, на списокот во Валдебебас се наоѓа и едно име за кое многу се зборува оваа сезона, а неодамна беше квалификуван како „отфрлен“. Станува збор за Дин Хујсен кој Јувентус лесно го напушти испраќајќи го во Борнмут за 15.000.000 евра.