
Големо прашање е кој ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија, а последната вест е дека Џенаро Гатузо би можел да ја извршува таа функција до јуни, по што би се повлекол.
Но, и тоа е големо прашање, но она што е желба на Италијанците е на клупата да седне искусен и проверен тренер.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За Гатузо тоа не би можело да се каже, но за Алегри, Манчини и Конте дефинитивно може, а токму тие тројца се споменуваат како најреално решение.
Сепак, „Газета“ отиде чекор понатаму, истакнува дека Италијанците сакаат уште поголемо име, а тоа е – Пеп Гвардиола.
Легендарниот тренер кој сега е на кормилото на Манчестер Сити рече дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали ќе продолжи со „граѓаните“ или не, но Италијанците веруваат дека е многу поблизок до заминување и ќе се обидат да го искористат тоа за да го донесат на жешката клупа.