Дома Фудбал Нејмар, сепак, нема да игра за Бразил

Нејмар, сепак, нема да игра за Бразил

Нејмар доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда ќе мора да го откаже учеството во овие квалификациски натпревари.

Последните денови, по повикот на 6 март, медицинскиот сектор на бразилскиот национален тим, предводен од д-р Родриго Ласмара, нè извести за состојбата на сите спортисти, особено на Данило, Нејмар и Едерсон. Наместо нив, повикани се Лукас Пери од Лион, Алекс Сандро од Фламенго и Ендрик од Реал Мадрид“, кажа селекторот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во претстојниот репрезентативен „прозорец“, Бразилците ги очекуваат два дерби-натпревари, дуелот со Колумбија, во ноќта меѓу четврток и петок по наше време, и гостувањето на најголемиот ривал Аргентина во Буенос Аирес, во ноќта меѓу 25 и 26 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во договорот на Хамилтон имало тајна клаузула, Ферари е немоќен!

Луис Хамилтон има целосна контрола над својата иднина во Ферари и по сезоната 2026 година,…