
Неверојатни сцени се случија вчера во Белград. 35-годишен маж влезе во ММА сала и ги испрскал борците со солзавец, по што добил жестоки тепачки.
Мажот Ненад Д. (35) беше брутално претепан од страна на српските ММА борци, меѓу кои беше и добро познатиот Марко Бојковиќ.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
35-годишниот вчера околу 18 часот влета во позната белградска сала во центарот на Белград. Почна да вика и да се заканува со нож на ММА борците кои се најдоа таму, а потоа ги испрска со солзавец.
По нападот, Ненад Д. се даде во бегство. Борците тргнаа по него, и настана комплетен хаос.
Напаѓачот проба да се скрие во продавница за часовници, но тие го пронајдоа и потоа беше брутално претепан. Меѓу тепачите беше и познатиот српски борец Марко Бојковиќ.
Првично беше пријавено дека група млади претепуваат работник од продавницата, но со пристигнувањето на полицијата сите факти беа утврдени.
„Тој ги испрскал со солзавец, по што тргнаа по него. Го достигнаа по неколку стотини метри, а тој втрча во продавница обидувајќи се да се спаси. Борците втрчаа по него и тогаш настана хаос“, се наведува.
Ненад Д. продолжи да ги прска борците со солзавец, а тие потоа го претепаа со стапови, тупаници и нозе.
Покрај една од најголемите српски ѕвезди Марко Бојковиќ, учествуваше и неговиот тренер Иван Ѓорѓевиќ – Ицко.
Видеото може да се погледне ТУКА.
.