
Кошаркарите на Сан Антонио го совладаа Хјустон со резултат од 145:120 благодарение на уште едно прекрасно издание на Виктор Вембаниема.
Во дербото, Вембанјама повторно ги покажа своите неверојатни способности, доминирајќи на двете страни на теренот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Со 29 поени кои ги постигна со одлична прецизност, реализирајќи 9/13 од игра, ги постави одбранбените редови на Хјустон во втор план, покажувајќи го целиот свој напаѓачки арсенал.
И покрај тоа, неговото влијание во одбраната беше подеднакво импресивно, ако не и пресудно. Со 8 скокови и дури 4 блокади, целосно го “запечати” рекетот и ги демотивираше играчите на Рокетс при обидите за напад кон кошот.
Неговата извонредна висина, подвижност и интуиција се покажаа како непроодлива загатка за противникот низ целата игра, директно отворајќи го патот кон ваква убедлива победа за Спарс, додека во нападот неколкупати ги доведе своите чувари „до лудило“.