Дома Фудбал Невил никогаш не бил повеќе брутален: Жестоко удри по Манчестер јунјатед!

Невил никогаш не бил повеќе брутален: Жестоко удри по Манчестер јунјатед!

Легендарниот Гери Невил, поранешен капитен и ѕвезда на Манчестер Јунајтед, а денес еден од највлијателните англиски спортски аналитичари, не бираше зборови за неговиот сакан клуб.

Јунајтед испадна и од ФА Купот, а Брајтон славеше на “Олд Трафорд”. Гери Невил повика сите во клубот да понесат одговорност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дарен Флечер не успеа да го смири пожарот, одигра нерешено со Барнли во гости и испадна од ФА Купот. Сега, неговата улога треба повторно привремено да ја преземе – Мајкл Керик.

Сепак, според зборовите на Гери Невил, менаџерот сам нема да може да ја промени целокупната негативна слика за клубот.

“Ова е срамота за клуб од ваква големина. Испаѓањето од двата купа во овој момент од сезоната кажува се што треба да се знае. Нема интензитет, нема гордост за дресот што го носат. Гледаш во тие играчи и не чувствуваш страв, верба или идентиетот на Јунајтед. Играчите делуваат опуштено. И тоа не е само вината на играчите на теренот, целата хиерархија на клубот мора да преземе одговорност, бидејќи вакви работи се толерираат и повторуваат со години. Во овој момент, Манчестер Јунајтед не изгледа како сериозен фудбалски клуб”, изјави Гери Невил.

Јунајтед ќе се натпреварува само во Премиер лигата до крајот на сезоната, а доколку не се пласираат во Европа, ова ќе биде уште една катастрофална сезона за нив…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …