Дома Фудбал Невидена ситуација во Лигата на шампиони: Голманот на Баерн беше на трибини, па се пресоблече и дојде на клупата

Невидена ситуација во Лигата на шампиони: Голманот на Баерн беше на трибини, па се пресоблече и дојде на клупата

На првиот натпревар од осмина финалето на Лига на шампиони помеѓу Баерн и Баер Леверкузен (3:0), беше видена неверојатна сцена која веројатно никогаш порано не се случила во ова натпреварување.

За време на натпреварот на Баерн против Леверкузен, капитенот на Баварците Мануел Нојер во 54-тата минута поради повреда го напушти теренот.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Бидејќи Свен Улрајх не беше во составот и натпреварот го следеше од трибините, на голот застана младиот голман Јонас Урбиг, за кого ова беше деби за Бајерн.

Меѓутоа, Улрајх, кој беше пријавен за натпреварот, но првично го гледаше од трибините, по повредата на Нојер мораше да заземе место на клупата за резерви.

Брзо се пресоблече и седна на клупата за резервни играчи, и беше подготвен да влезе во игра во случај на повреда или црвен картон на Урбиг.

Но, тоа не се случи, и до крајот на натпреварот на голот на Баерн остана младиот Урбиг, кој во јануари 2025 година дојде од 1. ФК Келн за околу седум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лајпциг го побара Тен Хаг, Клоп рече: Не може

Германските и британските медиуми пренесуваат дека поранешниот менаџер на Манчестер Јунајт…