Во Србија неодамна се случи невиден скандал во фудбалот. Финалниот натпревар од Купот на Расинскиот округ помеѓу клубовите Језера 2017 и Трстеник ППТ траеше само 49 минути. Иако делегатот на натпреварот првично потврди дека сè било регуларно, Фудбалскиот сојуз на Србија започна истрага откако секретарот на Сојузот, Бранко Радујко, нареди да се испита секој детал од случајот.
Комесарот за натпреварување на Расинскиот округ утврди дека дошло до прекршок на правилата на фудбалската игра, што резултираше со казни за сите учесници. Двата клуба беа казнети со по 850 евра и беа исфрлени од Купот на Расинскиот округ за две години. Раководителите на клубовите, Горан Милиќевиќ и Срѓан Марјановиќ, беа казнети со забрана за извршување на функции во фудбалот на шест месеци.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Главниот судија Петар Живиќ и неговите помошници Адам Рилак и Александар Величковиќ исто така беа казнети со шестмесечна забрана за судење.