
Невидена сцена на натпреварот Сабаленка и Радукану: “Дали сакаш да го извадам надвор?”
Британската тенисерка Ема Радукану се најде во невообичаена ситуација за време на маратонскиот меч со Арина Сабаленка на Мастерсот во Синсинати, кога од судијата побара да биде изнесено дете кое плачеше.
Инцидентот се случи во третиот сет, при резултат 3:4, додека Радукану сервираше и бранеше неколку топки за брејк против првата тенисерка во светот. Во еден момент, за време на подготовката за сервис, од публиката се слушна плач на дете, што ја изнервира Британката.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
– Веќе десет минути е така – рече на судијката, на што таа одговори: – Тоа е дете. Сакаш да го извадам од стадионот?
Радукану само ги крена рамениците, а дел од публиката извика „да“, што Британката го проследи со насмевка и гест на согласување.
Сепак, судијката одлучи натпреварот да продолжи. По неверојатни 13 изедначувања и четири спасени топки за брејк во тој гем, Радукану успеа да изедначи на 4:4 и да остане во игра.
RADUCANU IS COMPLAINING BECAUSE A BABY HAS BEEN CRYING FOR THE PAST “10mins” AND SABALENKA IS LOOSING THE EASIEST POINTS.
— Set 1 Game 4 Break Point – NO (-130) (@enanrb) August 11, 2025
ABSOLUTE CINEMA. pic.twitter.com/npjTueGVQ0