Дома Фудбал Неверојатно: Руни ја заклучил својата сопруга поради Ливерпул!

Неверојатно: Руни ја заклучил својата сопруга поради Ливерпул!

Пред саботниот Мерсисајд дерби, легендарниот Вејн Руни, кој израсна како навивач на Евертон, сподели неколку интересни приказни за својот однос со најголемите ривали, Ливерпул. Ривалството кое оди подлабоко од фудбалот и дели семејства, а Руни, поранешен играч на Евертон и Манчестер Јунајтед, го познава подобро од многу други, пишува BBC Sport.

Иако играше за Евертон на двапати и постигна победнички гол на Енфилд во 2005 како играч на Манчестер Јунајтед, неговата сопруга Колин навива за Ливерпул. Руни раскажа како еднаш ја заклучил надвор од домот откако таа истакнала знамиња на „Редс“ по нивната освојување на титулата во сезоната 2019/20.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


“Кога Ливерпул ја освои Премиер лигата пред неколку години, се вратив дома и Колин ги истакнала знамињата на Ливерпул пред куќата”, рече Руни во неговиот подкаст на BBC, „Шоуто на Вејн Руни“. “Ја замолив да ги симне. Се качи преку прозорец за да ги добие, а јас ја заклучив надвор.” На прашањето колку долго останала надвор, Руни кусо одговори: “Не премногу долго.”

Руни никогаш не постигнал победа во Мерсисајд дерби како играч на Евертон, но водеше многу битки против Ливерпул во дресот на Манчестер Јунајтед. Капитенот на Ливерпул тогаш беше неговиот репрезентативен соиграч Стивен Џерард, кого го сметаше за пријател надвор од теренот. Но, на теренот пријателството немало место.

“Бевме добри пријатели, но кога и да имав можност, си велев: ‘Ќе те уништам’, и го правев тоа. Истото го правеше и тој кон мене. Пред натпреварот не зборувавме, а по натпреварот ќе си подадевме рака. Ако некогаш се укажеа прилика, тој знаеше дека ќе го предизвикам, а јас знаев дека тој ќе ми врати. Тоа е фудбалот”, призна Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како новнарка го нападна Ѓоковиќ: Ве молам, со син ми сум..(Видео)

Српскиот тенисер одлучи да земе пауза пред завршниот дел на сезоната, а за одмор ја избра …