Дома Фудбал Неверојатно: Кажа дека сака да игра во ЛШ со Челси, но Мареска не го пријави за настап

Неверојатно: Кажа дека сака да игра во ЛШ со Челси, но Мареска не го пријави за настап

Челси на последниот ден од преодниот рок го засили составот со младиот аргентински талент Факундо Буананоте, кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен играч од Брајтон.

По потпишувањето на договорот, 20-годишниот офанзивец не ја криеше радоста што добива шанса да настапува за еден од најголемите клубови во Премиер лигата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Пресреќен сум што доаѓам во Челси. Ќе работам напорно и ќе дадам максимум за моите нови соиграчи и за стручниот штаб. Верувам дека не очекува успешна сезона,“ изјави Буананоте.

Аргентинецот дополнително ја изрази својата возбуда поради можноста за настап во Лигата на шампионите, нагласувајќи дека тоа би било остварување на неговиот сон.

Сепак, уште на самиот старт го снајде разочарување – името на Буананоте не се најде на списокот на играчи кои тренерот Енцо Мареска ги пријави за елитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го испраќа на позајмица младото чудо во кое вложи 60 милиони евра

Изгледа дека Реал Мадрид ја реши ситуацијата со својот млад напаѓач Ендрик, кој ќе се обид…