Дома Фудбал Неверојатно: Фудбалер во Скандинавија за награда доби – 55 кг компири (Фото)

Неверојатно: Фудбалер во Скандинавија за награда доби – 55 кг компири (Фото)

Францускиот фудбалер Максим Салас, кој настапува за данскиот клуб Сондерјиске, доби несекојдневна награда по завршувањето на еден натпревар – дури 55 килограми млад компир, откако беше прогласен за најдобар играч на мечот.

Оваа необична, но практична награда повторно го сврте вниманието на јавноста кон оригиналниот начин на вреднување на играчите во скандинавските лиги. Слична ситуација имаше и норвешкиот клуб Брине, кој веќе беше предмет на интерес поради креативните награди – меѓу другото, на еден од своите фудбалери му подарија четири табли со јајца како признание за одлична партија.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во случајот со Сондерјиске, наместо обична плакета или трофеј, фудбалерот си замина дома со полн багаж од храна.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонски фудбалер може да направи трансфер во поранешен премиерлигаш!

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски е на прагот на нов предизвик во кариерата, откако ста…