
ЛУКА ДОНЧИЌ достигна нов трипл-дабл во натпреварот против Сан Антонио Спарс, но тоа малку му помогна на неговите Лос Анџелес Лејкерс, кои доживеаја пораз со 91:107.
Словенечката суперѕвезда на НБА лигата го заврши натпреварот со резултат од 38 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Импресивната статистика малку ја помрачуваат седумте изгубени топки кои ги имаше во неговиот прв пораз против Виктор Вембанјама.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Дончиќ имаше извонредно прво полувреме, постигнувајќи 22 поени. Тоа е повеќе за еден поен од сите останати соиграчи кои стартуваа со него во натпреварот. Од вкупно 43 поени на Лејкерс на полувремето, тој беше учесник во 41 од нив – дали преку постигнат поен или асистенција.
Четирите играчи кои заедно со него го почнаа дуелот против Спарс придонесоа вкупно со 31 поен и само три асистенции, што јасно покажува колку Дончиќ беше инспириран за овој дуел, а колку неговите соиграчи го оставија во сенката.