Дома Фудбал Неверојатни сцени во Бергамо: Џеко ги молеше навивачите на Фиорентина (Видео)

Неверојатни сцени во Бергамо: Џеко ги молеше навивачите на Фиорентина (Видео)

По поразот од Аталанта со резултат 0-2 во Бергамо, фудбалерите на Фиорентина завршија пред трибината каде што беа нивните навивачи!

Един Џеко беше тој што прв пристапи кон гостинската трибина за да ја разбистри ситуацијата по контроверзиите од мечот со АЕК во Конференциската лига, кога репрезентативецот на БиХ ги критикуваше навивачите поради, како што рече, „недостатокот на поддршка и свирежи по почетните грешки на тимот.“

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пишуваат дека разговорот поминал без поголеми тензии, а на повикот на навивачите се одазва и капитенот Лука Рањери, додека Џеко во еден момент земал мегафон и им се обратил на повеќе од илјада приврзаници на Виола кои патуваа во Бергамо.

Од трибината на стадионот „Њу Баланс“ набргу се слушна пораката: „Сакаме единаесет лавови!“

Тренерот на Фиорентина Паоло Ваноли им се заблагодари на навивачите за поддршката и покрај тешкиот период.

– Откако го презедов тимот, јасно им ја кажувам реалноста. Благодарен сум на навивачите затоа што ја разбраа. Знаат колку се важни и што се со нас и покрај пласманот на табелата – изјави Ваноли по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Амстердам: Навивачите на Ајакс со лудо пиротехничко шоу ќе предизвикаа пожар на стадионот!

Во неделниот натпревар од холандската лига помеѓу Ајакс и Гронинген се појавија сцени со г…