Дома Фудбал Неверојатната трансформација на Серена Вилијамс – нема да ја препознаете (Фото)

Неверојатната трансформација на Серена Вилијамс – нема да ја препознаете (Фото)

Иако рекетот го остави пред три години, легендарната Серена Вилијамс не се откажува од напорните тренинзи. Една од најголемите тенисерки на сите времиња, со 23 Гренд Слем титули во својата колекција, на социјалните мрежи редовно споделува моменти од својот живот по професионалната кариера, а со последните објави привлекува посебно внимание.

По емотивното збогување од публиката на Ју-Ес Опен, Серена во август 2023 година го роди своето второ дете, но мајчинските обврски не ја спречија да остане посветена на одржувањето на врвната форма. На најновите фотографии што ги сподели на Инстаграм гордо го покажува завидното затегнато тело и извајаните стомачни мускули, со краток опис: „Вежбам и работам на своите агли“.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Многумина забележаа дека Вилијамс, позната по моќната градба со која доминираше на теренот, денес изгледа позатегнато отколку во деновите од активната кариера. Дека се работи за целен процес, потврди уште во јануари минатата година, кога во едно видео најави борба со килограмите.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …