
Реал Мадрид го следи чекорот на Барселона, но играта не влева доверба.
Реал со голема тешкотија го совлада Рајо Ваљекано, постигнувајќи го победничкиот гол од пенал во стоттата минута на натпреварот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Со оваа победа, Реал Мадрид останува во трка со водечката Барселона, која има само еден бод помалку. Разликата е минимална, ако се земе предвид како играат овие две екипи оваа сезона.
Тоа што најмногу ги загрижува фановите на Мадрид се – примените голови.
Колку и да звучи неверојатно, Реал Мадрид има примено дури 94 гола во 76 натпревари на сите натпреварувања од почетокот на 2025 година. Во тој временски период, само еден тим има повеќе примени голови во топ пет лиги, а тоа е – Ајнтрахт Франкфурт!
Овој германски клуб, од почетокот на 2025 година, примил 96 гола, но на дури 21 натпревар помалку од Реал – 55. На ова поле, Германците се далеку најслаби во “лигава петка”, што веројатно е и една од причините за назначувањето на Алберто Риера како нов тренер.
Инаку, Флорентино Перез веќе донел одлука да ангажира барем двајца нови дефанзивци, бидејќи е извесно дека Давид Алаба и Антонио Ридигер ќе си заминат…