
Виктор Ѓеќереш постигна 44 гола на 44 натпревари, но како што изгледа Спортинг ќе остане без титулата во првенството.
Зад нас е 28. коло на португалското фудбалско првенство, во кое беа одиграни два дерби натпревари, и по које актуелниот шампион Спортинг му отстапи првото место на табелата на градскиот ривал екипата на Бенфика.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Спортинг синоќа на свој терен заврши со Брага во резултат 1:1, додека Бенфика во неделата вечер го декласираше Порто на гостување со 4:1.
На шест кола до крајот, Бенфика е лидер со 68 бодови, додека Спортинг има два бода помалку.
Ѓеќереш го постигна тој еден гол за својот тим против Брага, а тоа му беше 44-ти погодок на 44 одиграни натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.
Шведскиот репрезентативец игра сезона од соништата, ова лето го чека голем трансфер, сакаше да се збогува од дресот на тимот од Лисабон со нова титула, но Бенфика влезе во голема форма и на Спортинг ќе му биде многу тешко да го задржи пехарот во своите витрини.
Како најсериозни кандидати да го имаат Ѓеќереш од следната сезона се спомнуваат Арсенал и Манчестер јунајтед.
Фото: Sporting CP/FB