
Денес продолжуваат натпреварите во осминафиналето на Лигата на шампионите, веројатно уште поинтересни од вчерашните, а дербито се игра во Минхен, каде Баерн го пречекува Баер Леверкузен.
Интересно е што ова е седмиот дуел на Чаби Алонсо против својот поранешен клуб, и досега нема ниту еден пораз од Баерн Минхен.
Чаби Алонсо на досегашните шест средби со Баерн забележа три победи и три нерешени натпревари. Последниот пат беше нерешено само пред три недели, во Леверкузен кога беше 0:0.
На тој натпревар Баер беше многу подобар и поблиску до победата, но Баерн Минхен успеа да остане непоразен.
Како завршеток, тука е уште еден неочекуван податок – Баерн Минхен последен пат го победи Баер Леверкузен на 30 септември 2022 година и тоа со Јулијан Нагелсман со резултат 4:0!
За Баерн тогаш играа: Нојер, Павар, Упамекано, де Лихт, Дејвис, Кимих, Сабицер, Сане, Мане, Милер и Мусијала. Од клупа влегоа Гнабри, Горецка, Чупо-Мотинг, Гравенберх и Мазрауи.
Од тогаш, од март 2023 година, до денес, Леверкузен со Чаби Алонсо не знае за пораз против Баерн.
Кој победува вечерва до 21.00 часот?