
Во вчерашниот изедначен натпревар од Европскиот шампионат во ракомет меѓу Португалија и Норвешка, се случи несекојдневен потег со кој Португалците се обидоа да добијат предност.
При резултат 35:35, само 37 секунди пред крајот, португалскиот играч Мигел Невес беше забележан како држи iPad до увото за време на тајм-аутот, со цел да ги слушне тактичките насоки од норвешката клупа.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
По натпреварот, Невес го призна својот потег пред новинарите, истакнувајќи ја својата предност во тоа што го познава норвешкиот јазик.
“Играјќи три години во Норвешка, каде што имам и девојка, ја познавам нивната култура и јазик. Сакав да добијам мала предност и да разберам што планираат да направат, со цел нашата одбрана да биде подготвена,” објасни Невес.
Сепак, Португалија не успеа да ги искористи добиените информации, бидејќи Мартим Коста промаши во последниот напад, исто како што не реализираше ниту Норвежанецот Симена Лисе, така што натпреварот заврши нерешено 35:35.
Ракометниот експерт од данскиот TV 2 Sport, Клаус Мулер Јакобсен, изјави дека овој потег на Португалците ја преминал границата на спортското однесување, и додаде дека не би бил изненаден ако ЕХФ отвори случај.
Според него, иако Португалија веднаш не оствари корист, тоа не го намалува сериозноста на постапката, а од ЕХФ изразија дека овој потег не се смета за фер-плеј.