
Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 година, а сега е на работ на егзистенција поради загуба на речиси целото богатство.
Кинескиот бизнисмен градеше империја вредна повеќе од 7 милијарди долари повеќе од 30 години, само за сè да исчезне во еден ден. Средниот народен суд во Нанкин потврди завршување на комплексниот план за реструктуирање кој ги опфаќа неговата и уште 38 поврзани фирми. Вкупната вредност на операцијата е проценета на речиси 30 милијарди евра.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во рамки на тој процес, Ѕиндунг мораше да заложи апсолутно сè што поседуваше. Неподвижни имоти, финансиски портфолија, сопственички учества, па дури и вредни колекционерски предмети. Сè беше распродадено преку судски аукции или директни договори, за да се покријат долговите насобрани со текот на годините.
Овој 62-годишник стана првиот оснивач на голема приватна компанија во Кина кој целосно го загуби личното богатство. Денес, ниту тој ниту неговата сопруга немаат сопственост со која слободно располагаат.
Проблемот лежи во периодот од 2016 до 2020 година, кога Suning почна нагло да го проширува опсегот на работење. Ѕиндунг лично гарантираше за многу од преземените задолжувања, што го чинеше сè што стекна неколку години подоцна.