
Во Минхен вечерва се игра големото финале меѓу ПСЖ и Интер, а во центарот на вниманието неколку часа пред почетокот на натпреварот на Алијанц Арената се најде Симоне Инзаги кој ги шокираше сите со својата одлука.
Лигата на шампионите оваа сезона ни донесе многу фантастични натпревари, а на крајот само ПСЖ и Интер останаа во трката за трофејот во најелитното клупско натпреварување во светот.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Финалната пресметка во Лигата на шампионите се игра на Алијанц Арената во Минхен и нема дилеми дека нè очекува уште еден вистински спектакл.
ПСЖ дојде до финалето откако во полуфиналето го победи Арсенал, а од друга страна Интер направија фантастична работа во триумфот против Барселона.
Иако многумина сметаат дека Парижаните вечерва имаат блага улога на фаворити, играчите на Интер покажаа оваа сезона дека никој не смее да ги отпише и дури и кога се паднат можат да се вратат во мечот, што најдобро го демонстрираа против Барселона.
Меѓутоа, неколку часа пред почетокот на натпреварот во Минхен, во центарот на вниманието се најде тренерот на италијанскиот тим Симоне Инзаги, бидејќи ги шокираше сите со својот потег.
Веќе некое време се шпекулира дека Инзаги ќе го напушти Интер на крајот од сезоната без разлика на исходот на вечерниот натпревар, но никој не ни насетуваше дека овој тренер ќе ја донесе одлуката токму пред финалето на Лигата на шампионите.
Многу медиуми во Италија објавија дека Инзаги одлучил да замине од Интер и дека го соопштил тоа на челниците на овој клуб, кои наводно се разочарани што не чекал да го заврши финалето, затоа што сметаат дека така непотребно ќе внесе немир во соблекувалната на Интер.
Во фудбалската јавност утрово кружат информации дека Инзаги се сложил да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија и веќе договорил се со Ал Хилал.
Фото: Принтскрин