![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/alesandro-nesta-850x491.jpg)
По само една победа и шест порази од седум натпревари, Монца го разреши тренерот Салваторе Бокети. Одлуката на раководството дојде по поразот од Лацио од 5:1, што ја остави Монца закована на дното од табелата во Серија А со 13 бода по 24 кола.
Наместо Бокети, клупата повторно ќе ја преземе Алесандро Неста, кој минатото лето пристигна во Монца и доби отказ во декември. Управата на Монца веројатно сфати дека погреши и сега го враќа на тренерската позиција..
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
“АЦ Монца објавува дека го поништи отказот на Алесандро Неста, кој повторно ја презема улогата на тренер на првата екипа. Среќно, Алесандро”, објави клубот од семејството на починатиот поранешен премиер Силвио Берлускони.
Неста во првиот мандат ја водеше Монца на 20 натпревари, а во Серија А оствари само една победа и седум нерешени резултати во 17 кола. Беше отпуштен на 23 декемвр, а се враќа точно 49 дена подоцна..