Дома Останати Кошарка Нено имаше одлично деби за Баерн: Ова е асистенцијата со која ги воодушеви Германците! (Видео)

Нено имаше одлично деби за Баерн: Ова е асистенцијата со која ги воодушеви Германците! (Видео)

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ вчера дебитираше во дресот на Баерн Минхен во победата на домашен терен против Басконија со 96-89.

Димитријевиќ доби значајна минутажа и за нешто повеќе од 17 минути на паркетот даде конкретен придонес во играта на својот нов тим, запишувајќи осум поени, три скока и четири асистенции. Лидер на Баерн беше неверојатниот Обст, кој одигра натпревар за паметење и постигна дури 37 поени, додека кај гостите од Шпанија најрасположен беше Спагноло со 20 поени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со една од асистенциите македонскиот кошаркар ги воодушеви луѓето во германскиот клуб кои асистенцијата ја објавија на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ембид мора на итна операција: Замина на натпревар, па заврши на хируршката маса (Фото)

Според официјалните информации, Истата вечер Ембид ќе биде подложен на операција во Хјусто…