
Фудбалската репрезентација на Германија со половичен успех ги заврши септемвриските задачи. Пораз од Словачка, а потоа победа против Северна Ирска, но германската јавност има два силни впечатока по овие натпревари. Не беше на списокот на Јулијан Нагелсман Лерој Сане, а играта дури и при победата против Северна Ирска беше разочарувачка.
Свирежите на стадионот беа јасна порака, а критиките продолжуваат да пристигнуваат денови по завршувањето на репрезентативната пауза.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
И медиумите повторно се вратија на изоставувањето на Лерој Сане од тимот. Сане ова лето премина од Бајерн во Галатасарај, а токму тоа е причината што Нагелсман ја нуди како објаснување – преминал во послаба лига.
„Сега игра во лига која е послаба од Бундеслигата и затоа мора дополнително да се истакне. Не очекувам никакви чуда, само бројки врз основа на кои би требало да го заслужи мојот повик. Мора да се докаже со голови и асистенции“, рече Нагелсман кога го објави списокот за септемвриските натпревари.
Неговото објаснување го коментираше и поранешниот спортски директор на репрезентацијата на Германија Матијас Замер.
„Се изненадив што Нагелсман со такво омаловажување зборува за турскиот фудбал. Секогаш сум сметал дека репрезентацијата има потреба од индивидуален квалитет. Во спротивно, ни Кристијано Роналдо не би требало да биде повикуван во репрезентацијата на Португалија затоа што ни тој повеќе не игра во врвна лига“, изјави Замер за Билд.